Прогласени најдобрите вина

Bez autora
Sep 11 2012

„Каберне совињон“ на винарницата „Трајковски“ и „куве“ на „Стоби“ се најдобрите црвено, односно бело вино на „Тиквешки гроздобер“. На манифестацијата студенти од дисперзираните студии по енеологија од Штипскиот универзитет во Кавадарци и вински техничари од ЗШУЦ „Ѓорче Петров“ дегустираа и оценуваа вина на винарници од Кавадарци. Во категоријата црвени вина, второто место го освои виното „вранец“ на ВВ „Вила Марија“, а третото „каберне совињон“ на „Повардарие“. Од белите вина, пак, второто место го делеа „темјаника“ на „Пеца комерц“ и „белан“ на „Трајковски“, додека третото место му припадна на виното „белан“ на Винарската визба „Тиквеш“. И годинава странците кои беа во посета на Кавадарци за време на гроздоберот беа воодушевени од квалитетните вина што ги дегустирале, но забележаа дека за време на манифестацијата немало ниеден штанд од каде што би можеле да си купат кавадаречко вино.

Прогласени најдобрите вина„Каберне совињон“ на винарницата „Трајковски“ и „куве“ на „Стоби“ се најдобрите црвено, односно бело вино на „Тиквешки гроздобер“.

На манифестацијата студенти од дисперзираните студии по енеологија од Штипскиот универзитет во Кавадарци и вински техничари од ЗШУЦ „Ѓорче Петров“ дегустираа и оценуваа вина на винарници од Кавадарци.

Во категоријата црвени вина, второто место го освои виното „вранец“ на ВВ „Вила Марија“, а третото „каберне совињон“ на „Повардарие“. Од белите вина, пак, второто место го делеа „темјаника“ на „Пеца комерц“ и „белан“ на „Трајковски“, додека третото место му припадна на виното „белан“ на Винарската визба „Тиквеш“.

И годинава странците кои беа во посета на Кавадарци за време на гроздоберот беа воодушевени од квалитетните вина што ги дегустирале, но забележаа дека за време на манифестацијата немало ниеден штанд од каде што би можеле да си купат кавадаречко вино.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik